ПРВИОТ ЧОВЕК НА ХРВАТСКОТО СКИЈАЊЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СКИЈАЊЕ ЗА ДЕЦА НА ПОПОВА ШАПКА

    ПРВИОТ ЧОВЕК НА ХРВАТСКОТО СКИЈАЊЕ СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО СКИЈАЊЕ ЗА ДЕЦА НА ПОПОВА ШАПКАМихо Главиќ и новиот претседател на Скијачката федерација на Македонија Дејан Пановски договараа идни заеднички проекти

    Попова Шапка е домаќин на државното првенство во скијање за деца, каде што како специјален гостин пристигна претседателот на Скијачката федерација на Хрватска, Михо Главиќ. Тој дојде од Банско, каде што сведочеше на последниот голем успех на хрватското скијање, победата на Филип Зубчиќ на велеслаломската трка во Светскиот куп.

    Главиќ, кој откри дека по 35 години првпат доаѓа во еден наш зимски центар, беше гостин на новоизбраниот претседател на Скијачката федерација на Македонија Дејан Пановски, кој на вчерашното собрание ја доби поддршката на сите присутни 13 клубови.

    Од Федерацијата соопштија дека се разговарало за продлабочување и унапредување на соработката помеѓу двете федерации, моменталната спортска ситуација во земјата и за идни заеднички проекти, што би ја подобриле состојбата во зимскиот спорт во Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира