РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ ПРВИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВЕЛКО МАРКОСКИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    РАКОМЕТАРИТЕ БЕЗ ПРВИОТ ДЕФАНЗИВЕЦ ВЕЛКО МАРКОСКИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОСелекторот Брестовац ќе мора да прави нови комбинации за одбраната (Фото: РФМ)

    Машката ракометна репрезентација ќе биде без еден од своите главни дефанзивци на претстојното Европско првенство, откако Велко Маркоски не беше вклучен во финалниот список на селекторот Данило Брестовац.

    Маркоски заработи повреда на окото на еден од последните контролни натпревари и лекарскиот тим му препорача мирување од најмалку две недели, што значи дека целосно отпаѓа од комбинациите за ЕП. Од дебито на големите натпреварувања во 2012 година, Маркоски беше незаменлив во дефанзивните варијанти на сите селектори.

    Македонија, повторно предводена од Кире Лазаров, Ристовски, Стоилов и Манасков, утре го почнува настапот на Европското првенство, а првиот противник ѝ е Украина (20.30 часот). Потоа следуваат мечевите со Чешка (недела) и со домаќинот Австрија (вторник) и од резултатите на ова првенство ќе биде познато какви се шансите на Македонија за пласман на Олимписките игри во Токио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира