Најдобрите македонски ракометари го почнаа настапот на Светското првенство во Египет со еден од најрутинските и најубедливи порази на големата сцена досега, откако изгубија од Шведска со 32:20.
Македонија пред само два дена дозна дека ќе игра на Мундијалот, откако Чешка во последен момент го откажа настапот поради голем број позитивни тестови за коронавирус во репрезентацијата. Селекторот Данило Брестовац поведе значително подмладена селекција, но повторно предводена од Кире Лазаров, кој го игра своето седмо светско првенство, откако дебитираше пред 22 години токму во Египет.
Домаќинот Египет е следниот противник на Македонија, натпревар што се игра в сабота од 18 часот.