Најдобрите македонски ракометари го завршуваат настапот на Светското првенство во Германија и Данска на 15. место, со што го повторија пласманот од пред две години во Франција. На последниот свој натпревар на овој Мундијал, тие го победија Чиле со 32:30 (16:16).
Македонија стартуваше со две победи, над Јапонија и Бахреин, но тоа не се покажа доволно за пласман во главната фаза, па за првпат во својата историја мораше да игра во утешниот Претседателски куп. Севкупно, Македонија не успеа да победи европска селекција на ова првенство.
Највисокиот пласман на Македонија на мундијалите останува деветтото место од 2015 година во Катар.