РАКОМЕТАРИТЕ ПО ПОРАЗОТ ОД БЕЛОРУСИЈА ЌЕ ГО ИМААТ НАЈСЛАБИОТ ПЛАСМАН НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

    РАКОМЕТАРИТЕ ПО ПОРАЗОТ ОД БЕЛОРУСИЈА ЌЕ ГО ИМААТ НАЈСЛАБИОТ ПЛАСМАН НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВАСелекторот Брестовац поведе значително подмладен состав во Египет, што донесе низа лоши резултати (Фото: ЕПА)

    Македонската ракометна репрезентација со уште еден пораз го заврши настапот на Светското првенство во Египет, со што ќе го забележи својот најслаб пласман на мундијалската сцена досега.

    Македонија, која влета на првенството во последен момент по откажувањето на Чешка и настапи со значително подмладен состав, изгуби од Белорусија со 30:26, нејзин петти пораз, но прв со помалку од десет гола разлика. Единствената победа во шесте средби беше остварена над Чиле, што беше доволно за пласман во втората фаза.

    Во конечниот поредок, Македонија ќе биде пласирана над 20. место. Досегашниот најслаб пласман беше 18. позиција, остварен на дебито на светските првенства пред 22 години во Египет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира