Македонските ракометари го забележаа третиот убедлив пораз на четири одиграни натпревари на Светското првенство во Египет, откако изгубија од Словенија со 31:21 на стартот на втората фаза.
Македонија одигра рамноправни 15 минути на почетокот на натпреварот, а потоа Словенија почна постепено да создава разлика, па второто полувреме му понуди нова можност на селекторот Данило Брестовац да им даде поголема шанса на помладите репрезентативци.
На следниот натпревар што е на програмата в петок, Македонија ќе се сретне со Русија, која на ова првенство настапува под името Руска ракометна федерација.