РЕАЛ МАДРИД ГО ПОТВРДИ ЧАБИ АЛОНСО КАКО НОВ ТРЕНЕР

    РЕАЛ МАДРИД ГО ПОТВРДИ ЧАБИ АЛОНСО КАКО НОВ ТРЕНЕРАлонсо лани го предводеше Баер до двојната круна во Германија без да забележи пораз (Фото: Гети)

    Реал Мадрид потврди дека Чаби Алонсо ќе го замени Карло Анчелоти на тренерската клупа, потпишувајќи тригодишен договор. Алонсо, кој одигра 236 натпревари за Реал, неодамна објави дека ќе го напушти Баер Леверкузен по завршувањето на сезоната, една година откако чудесно го предводеше до двојната круна во Германија без да забележи пораз.

    Анчелоти вчера се прости од Реал Мадрид и веќе утре ќе почне со новата работа како селектор на Бразил. Тој освои 15 трофеи во двата мандата со Реал Мадрид, првиот од 2013 до 2015, вториот од 2021. Неговиот договор требаше да истече во јуни 2026, но разделбата се случи порано.

    Алонсо, кој ја освои Лигата на шампионите со Реал во 2014, утре ќе биде промовиран како нов тренер и ќе ја предводи екипата на Светското клупско првенство следниот месец. Тој ја почна тренерската кариера во младите категории на Реал Мадрид, а по три успешни сезони со Б-тимот на Реал Сосиедад, дојде во Баер во октомври 2022.

    Се очекува неговата позиција во Баер да ја преземе бившиот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира