РЕДИЦИ НА ПЛОШТАД ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ СО ПЕХАРИТЕ НА УЕФА

    РЕДИЦИ НА ПЛОШТАД ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ СО ПЕХАРИТЕ НА УЕФАВо неутралната фан зона се изложените пехарите од трите клупски натпреварувања на УЕФА. (Фото: СДК.МК)

    Трите пехари на УЕФА денеска се најголема атракција на фан зоната на скопскиот плоштад за Суперкупот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. И покрај жешкото време, на плоштадот се направи редица од навивачи, кои чекаат да се фотографираат со пехарите од Лигата на шампиони, Лига Европа и Суперкупот.

    Покрај неутралната фан зона на плоштадот Македонија, во центарот на Скопје има уште две фан зони. На плоштадот „Филип Втори“ е фан зоната за навивачите на Реал Мадрид, а на платото кај спомен-куќата на Мајка Тереза е фан зоната  за навивачите на Манчестер Јунајтед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира