РЕКОРДНИ 650 УЧЕСНИЦИ ОД 42 ЗЕМЈИ ЌЕ ТРЧААТ НА СЕДМИОТ ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ НА ГАЛИЧИЦА

    РЕКОРДНИ 650 УЧЕСНИЦИ ОД 42 ЗЕМЈИ ЌЕ ТРЧААТ НА СЕДМИОТ ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ НА ГАЛИЧИЦАИ оваа година, љубителите на планинското трчање ќе можат да изберат од пет трки со различни должина и тежина (Фото: З. Димоски/Фејсбук)

    Рекордни 650 тркачи од 42 земји ќе настапат на седмото издание на Охрид ултра-треил на Галичица, што ќе се одржи од 23 до 25 мај.

    И оваа година, љубителите на планинското трчање ќе можат да изберат од пет трки со различни должина и тежина, распоредени во два дена. Главниот настан е трката Охрид ултра-треил долга 105 километри, чиј старт е на 23 мај во 23 часот на плоштадот во Охрид. Во програмата се и Галичица Ултра од 65 км, Самотска треил од 42 км, Летница треил од 21 км и Рамне и Јуниор треил од 10 километри. Овие четири трки стартуваат на 24 април меѓу седум и десет часот од Свети Наум или Велгошти.

    Сите патеки водат низ пределите на националниот парк „Галичица“, а финишот традиционално е на градскиот плоштад во Охрид. Меѓу учесниците ќе има и тркачи од Турција, Грција, САД, Романија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка, Чешка, Полска, Франција, Велика Британија и од земјите од регионот.

    Трета година по ред, настанот е дел од Европскиот треил куп, во кој се натпреваруваат некои од најдобрите европски треил тркачи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира