РИВЕР ПЛЕЈТ СТАНА ШАМПИОН НА ЈУЖНА АМЕРИКА ВО СУПЕРКЛАСИКО ВО МАДРИД

    РИВЕР ПЛЕЈТ СТАНА ШАМПИОН НА ЈУЖНА АМЕРИКА ВО СУПЕРКЛАСИКО ВО МАДРИДРивер преку својот лут ривал ја освои четвртата титула во Копа Либертадорес (Фото: Гети)

    Ривер плејт по четврти пат ја освои Копа Либертадорес, по првото Суперкласико во историјата на јужноамериканската Лига на шампиони.

    Во реваншот од финалето, што принудно се играше на „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид, Ривер го совлада својот лут ривал Бока џуниорс со 3:1 по пресврт, драма и продолженија.

    Бока поведе во самиот финиш на првото полувреме преку Бенедето, за Прато да израмни во 68. минута, голот што го одведе мечот во продолженијата. Таму, прво Бока остана со играч помалку по исклучувањето на Бариос, а потоа головите на Кинтеро во 109. и на Мартинес во 120. минута ја донесоа историската победа.

    По 2:2 на стадионот на Бока, реваншот требаше да се игра на 24 ноември, но мечот беше одложен поради нападот врз нејзиниот автобус од страна на навивачите на Ривер. Три дена подоцна беше решено дека вториот меч воопшто нема да се игра на стадионот „Монументал“, туку надвор од Аргентина и беше избран Мадрид.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира