Саудискиот клуб Ал Хилал достави понуда од 300 милиони евра за Килијан Мбапе, што претставува нов светски рекорд во фудбалот. Пари Сен-Жермен ја потврди понудата и му дозволи на Ал Хилал да почне директни преговори со 24-годишниот Мбапе, кој најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид.
Капитенот на француската репрезентација, со која беше светски првак во 2018, има уште една година од договорот со ПСЖ и потврди дека нема да го продолжи. ПСЖ сака да го продаде Мбапе ова лето, па тој не отпатува со екипата на подготвителната турнеја во Јапонија.
Моментално најскапиот светски фудбалер е Нејмар, кој во 2017 премина од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.
Саудиска Арабија ова лето привлекува големо внимание со фудбалските трансфери, па кариерата таму ќе ја продолжат Карим Бензема, Нголо Канте, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Роберто Фирмино, Џордан Хендерсон, Марцело Брозовиќ, Ријад Марез, Калиду Кулибали и други.