Тројца навивачи се сериозно повредени откако падна оградата на трибина за време на натпревар од францускиот фудбалски шампионат. Најмалку 18 навивачи настрадаа во инцидентот, кој што се случи во 16. минута од натпреварот меѓу Амиен и Лил на „Стад де ла Ликорн“.
Оградата на делот од стадионот наменет за гостинските навивачи попушти додека навивачите го прославуваа голот на Фоде Бало Туре и десетици од нив паднаа на теренот. Натпреварот беше прекинат и стадионот беше евакуиран од безбедносни причини.
Со капацитет од 12.000 места, „Стад де ла Ликорн“ е најмал стадион во француската прва лига.