Над 1.900 луѓе ќе настапат на трките од седмото издание на „Охрид трчаТ“. Тркачкиот викенд во Охрид почна уште вчера, но главните случувања ќе се одржат утре.
Во 8:30 часот стартува трката на 21 километар, пет минути подоцна тргаат учесниците на трката на пет километри, а истовремено ќе се трча и штафетен полумаратон.
„Вкупно 1.930 тркачи од 28 држави ќе учествуваат на трките од ‘Охрид трчаТ‘. Бројките многу брзо ни растат. Нè охрабрува процентот на странски тркачи: 46% од учесниците на полумаратонската трка се странци. Ако ова е некој официјален дел на ‘Охрид трчаТ‘, нека биде и официјален почеток на летната туристичка сезона“, кажа директорот на манифестацијата Иван Цветкоски.
Тројцата првопласирани на 21 километар во машка и женска конкуренција ќе бидат наградени со по 300, 200 и 100 евра.