Актуелниот селектор на шпанската репрезентација Хулен Лопетеги ќе биде нов тренер на Реал Мадрид.
Педесет и едногодишниот Лопетеги потпиша тригодишен договор, потврди клубот, само два дена пред почетокот на Светското првенство во Русија.
Тој доаѓа на местото на Зинедин Зидан, кој неочекувано поднесе оставка неколку дена по освојувањето на третата едноподруго титула во Лигата на шампионите, со оправдување дека на клубот му треба „поинаков глас“.
Пред да стане селектор на Шпанија во 2016 година, Лопетеги две сезони го водеше Порто. Како голман, тој беше член и на Барселона и на Реал Мадрид, но забележа малку настапи и најдолго се задржа во Логроњес и Рајо валјекано.