СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ПРАВЕШЕ СВАДБА ВО ЊУ ОРЛЕАНС

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС ПРАВЕШЕ СВАДБА ВО ЊУ ОРЛЕАНСДвојката не споделува многу во јавноста но објави фотографии од свадбата со ќерката Алексис Олимпија на своите инстаграм профили

    Тениската супер ѕвезда Серена Вилијамс (36) се омажи со соосновачот на Редит Алексис Оханиан (34) во четвртокот вечер на приватна свадбена церемонија во Центарот за модерни уметности во Њу Орлеанс. Според различни медиумски извештаи на веселбата имало околу 250 гости.

    Двојката не споделува многу детали за својот живот во јавноста. Тие прв пат објавија дека ќе се венчаат лани во декември кога Оханијан ја запросил на романтично патување во Рим.

    Во врска се од 2015 година. Во септември им се роди ќерката Алексис Олимпија.

    Таа пред свадбата најави дека планира да се врати на тениските терени во јануари на Отвореното првенство на Австралија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира