СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ СВРШИ СО ОСНОВАЧОТ НА РЕДИТ

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"САД,(разниизвори)

    СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ СВРШИ СО ОСНОВАЧОТ НА РЕДИТ

    Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс се сврши со Алексис Оханијан, 33-годишниот Интернет бизнисмен и коосновач на Редит. 35-годишната тенисерка ја сподели веста со песна што ја објави на Редит, во која вели дека била запрoсена на романтично патување во Рим.

    „Дојдов дома. Малку доцна. Некој ми ја имаше спакувано торбицата и пајтон ме чекаше надвор. Дестинација: Рим. За да ме придружува до мојот „шармантен“. Назад каде што нашите ѕвезди се судрија. На истата маса каде првпат се сретнавме случајно. Овој пат не случајно, туку по избор. На едно колено, тој рече четири зборови. Јас реков ДА“, напиша Серена во песната. „Ме направи најсреќниот маж на планетата“, ѝ коментираше Алексис на постот.

    Вилијамс и Оханијан ја чуваа приватнста на својата врска и ретко постираа заеднички фотографии на социјалните мрежи.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира