Шахистот Иван Кочовски е добитник на наградата „8 Септември“ за животно дело, која што по шести пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт. На денешната свеченост во Собранието, признанија за високи остварувања во областа на спортот од АМС добија каратистот Петар Белистојановски, пливачот Александар Коцевски Џајо, ракометатниот тренер Ристо Магдинчев и кајакарот Ѓокица Николовски.
Кочовски на свеченоста им се заблагодари на сите македонски репрезентативци што ги водел во изминатите 10 години на сите европски и светски првенства и изрази надеж дека е на повидок е создавање една нова генерација и им посака убава иднина на сите.