Шпанецот Карлос Алкарас почна да го исполнува својот потенцијал откако ја освои првата гренд слем титула со победата на Отвореното првенство на САД и стана првиот тинејџер во 49-годишната историја на АТП-листата кој стигнал до првото место.
Деветнаесетгодишниот Алкарас го совлада Норвежанецот Каспер Руд во финалето со 6:4, 2:6, 7:6, 6:3 и стана најмладиот гренд слем победник од триумфот на Рафаел Надал на Ролан Гарос во 2005, Доколку победеше, Руд ќе беше светски рекет број еден, но по финалето на Ролан Гарос, сега не успеа да го освои ни Ју-Ес опен.
„Ова е нешто што сум го сонувал уште од мал, откако играм тенис: да се биде број еден и гренд слем победник. За мене, ова е неверојатно и се разбира дека сум гладен за уште“, изјави Алкарас.
Тој бил идентификуван како идна тениска суперѕвезда на 11 години и потоа се развиваше под палката на некогашниот светски рекет број еден Хуан Карлос Фереро.