ШПАНИЈА ЈА РЕШИ МАКЕДОНИЈА ЗА ДВЕ МИНУТИ ЗА ВТОР ПОРАЗ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

    ШПАНИЈА ЈА РЕШИ МАКЕДОНИЈА ЗА ДВЕ МИНУТИ ЗА ВТОР ПОРАЗ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВОПоважно беше да се чуваат силите за утрешниот дуел со Исланд. - Филип Талески (Фото: ИХФ)

    Најдобрите македонски ракометари се понадеваа дека можат да ја изненадат Шпанија, но се предадоа по 30-ина минути игра и одлучија да ги чуваат силите за утрешниот решавачки дуел со Исланд, пред да загубат со убедливи 21:32 (12:13) во рамките на четвртото коло на Светското првенство во Германија и Данска.

    Македонија одигра чуден натпревар со европскиот првак, со две неспоредливи полувремиња: воодушеви во првото, па како да ја загуби желбата за надигрување на стартот на второто, откако противникот за само две минути направи серија од 5:0. Селекторот Гонсалес набргу реши дека е најдобро да ги повлече на клупата играчите кои ќе бидат клучни за утрешниот натпревар против Исланд (18 часот), кога ќе се брка пласман во главната фаза.

    Никола Митревски ја имаше една од најдобрите партии во својата кариера, остварувајќи 11 одбрани во првото полувреме.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира