ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА КАПИТЕНКА ОЛГА КАРМОНА ПО ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ДОЗНА ДЕКА ТАТКО Ѝ ПОЧИНАЛ

    ШПАНСКАТА ФУДБАЛСКА КАПИТЕНКА ОЛГА КАРМОНА ПО ФИНАЛЕТО НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ДОЗНА ДЕКА ТАТКО Ѝ ПОЧИНАЛКармона (23) беше стрелец на единствениот гол во победата на Шпанија од 1:0 против Англија. (Фото: Инстаграм)

    Шпанската капитенка Олга Кармона, која вчера го постигна победоносниот гол во финалето на женското Светско првенство во фудбал, по натпреварот дозна дека починал татко ѝ.

    Кармона (23) беше стрелец на единствениот гол во победата на Шпанија од 1:0 против Англија.

    Таткото на левиот бек на Реал Мадрид долго време боледуваше и почина во петокот.

    „Знам дека ме гледаше вечерва и дека си горд на мене. Почивај во мир, тато“, напиша Кармона на социјалните мрежи.

    Шпанските медиуми објавија дека нејзината фамилија одлучила да не ѝ каже за смртта на татко ѝ за да може да се сконцентрира на финалето во Сиднеј, Австралија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира