Натурализираниот Македонец со руско потекло Владимир Егоров, кој како член на БК „Балканец“ од Штип, на првенството во Будимпешта стана европски шампион беше награден од Општина Штип, чиј жител е веќе неколку години.
Егоров до финалето дојде по победата над борачот од Германија, а во финалето со максимален резултат го победи својот противник од Азербејџан.
Локалната самоуправа во Штип, која секоја година финансиски го помага БК „Балканец“, по враќањето од Будимпешта на Егоров приреди прием и одлучи според правилникот да го награди со 30.000 денари.
Европскиот шампион Егоров со европската титула стекнува право за учество на претстојната Олимпијада чии надлежности се во рамките на Федерацијата на боречките спортови и на Агенцијата за млади и спорт.
Т. ЈОВАНОВСКИ