Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан кажа дека најдобриот играч на неговиот тим Кристијано Роналдо е подготвен да настапи на утрешниот меч против Манчестер Јунајтед во Суперкупот на УЕФА во Скопје. Неговото вклучување во составот на еврсопкиот шампион беше мало изненадување, бидејќи се врати од одмор пред само два дена, но Зидан вели дека Португалецот е подготвен исто како што бил подготвен за финалето на Лигата на шампиони.
„Тој е релаксиран. Она што најмногу ме импресионираше е што тој е физички подготвен исто како денот на финалето на Лигата на шампиони. Мене само тоа ме интересира, неговата физичка подготвеност. Тоа што Роналдо дојде со нас, значи дека е спремен да игра. Сепак, ќе видиме дали ќе игра или не“, кажа Зидан попладнево на прес-конферецијата на стадионот „Филип Втори“.
Натпреварот се игра утре со почеток од 20.45 часот.