ШВАРЦЕНЕГЕР И АВСТРИСКАТА ЕЛИТА ДОЈДОА ВО КИЦБИЛ ЗА СПУСТ ТРКАТА И МАРАТОНСКИТЕ ЗАБАВИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Кицбил,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШВАРЦЕНЕГЕР И АВСТРИСКАТА ЕЛИТА ДОЈДОА ВО КИЦБИЛ ЗА СПУСТ ТРКАТА И МАРАТОНСКИТЕ ЗАБАВИ

    СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД КИЦБИЛ: И. ВЕЉКОВИЌ

    Бројни славни личности како и вообичаено и годинава ја следеа во живо спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање во Кицбил, Австрија. На главната трибина, австрискиот канцелар Кристијан Керн налета на Арнолд Шварценегер, холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија. Сепак, двајцата не можеа да бидат задоволни од настапот на домашните скијачи, иако тоа не влијаеше многу на нивното расположение.

    Кицбил е познат и по забавите за време на скијачкиот викенд. (Фото: Куриер)

    Кицбил е познат и по забавите за време на скијачкиот викенд. (Фото: Куриер)

    Победник на денешниот спуст во Кицбил беше Италијанецот Доминик Парис, за кого ова е втора победа на оваа патека по триумфот во 2013 година. 27-годишниот Парис го освои првото место на возбудливата трка и ја доби наградата од 74 илјади евра, откако извозе за 0,21 секунда побрзо од второпласираниот Валентин Жиру Моан од Франција.

    Победникот Парис со второпласираниот Жиру Моан и третопласираниот Клери. (Фото: Ханенкам)

    Победникот Парис со второпласираниот Жиру Моан и третопласираниот Клери. (Фото: Ханенкам)

    „Да победиш двапати во Кицбил е неверојатно и брилијантно искуство. Имав среќа денеска, бидејќи некои од моите ривали не се снајдоа баш најдобро на секцијата Хојзберг и мислам дека тоа ја реши трката. Да видиме дали денеска ќе направиме подобра забава од 2013 година“, кажа Парис на прес-конференцијата по трката.

    Организаторите на трката соопштија дека денеска околу патеката имало 50.000 гледачи. (Фото: Ханенкам)

    Организаторите на трката соопштија дека денеска околу патеката имало 50.000 гледачи. (Фото: Ханенкам)

    Покрај Шварценегер, во публиката беа и сопственикот на Формула 1, Берни Екслстоун, поранешните Ф1 шампиони Ники Лауда и Мика Хакинен, поранешната пливачка Франциска ван Алмцик и многу локални музички и телевизиски ѕвезди.

    BENTLI-kicbil

    Клубот на сопственици на луксузните автомобили Бентли во Кицбил. (Фото: СДК.МК)

    Скијачкиот викенд во најпрестижното австриско зимско одморалиште е познат и маратонските забави. Спонзорите на трката вчера организираа ВИП забави за австриската елита со, за нив, препознатливите бели колбаси, переци, шнапс и пиво. Вечерва забавата продолжува со вечера со шницли и настап на најпознатите австриски пејачи.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари