СИНЕР И АЛКАРАС ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА НА ЈУ-ЕС ОПЕН

    СИНЕР И АЛКАРАС ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА ТИТУЛАТА НА ЈУ-ЕС ОПЕНСинер и Алкарас годинава играа и во финалето на Ролан Гарос и Вимблдон (Фото: Гети)

    Јаник Синер надмина мала повреда пред да го победи Феликс Ожер-Алијасим во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, закажувајќи уште едно финале со Карлос Алкарас. Тоа ќе биде трето гренд слем финале по ред во кое ќе се сретнат двајцата најдобри тенисери, при што Алкарас го освои Ролан Гарос, а Синер славеше на Вимблдон.

    Бранителот на титулата Синер го победи Ожер-Алијасим со 6:1, 3:6, 6:3, 6:4, со што оваа година има добиено 26 од неговите 27 меча на гренд слем турнирите. Единствениот пораз го доживеа во финалето на Ролан Гарос. Тој побара медицински тајм-аут во третиот сет, по што ја доврши работата против канадскиот тенисер.

    Алкарас претходно го победи Новак Ѓоковиќ со 6:4, 7:6, 6:2. Сега веќе 38-годишен, на Ѓоковиќ му се намалуваат шансите за освојување на рекордната 25. гренд слем титула.

    Сакам и следната година да ги играм сите гренд слем турнири. Ќе видиме дали ќе се случи тоа или не“, изјави Ѓоковиќ.

    Во женското финале ќе се соочат Арина Сабаленка и Аманда Анисимова.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира