Четирите спонзори на американскиот пливач Рајан Локти го откачија 12-кратниот освојувач на олимписки медали како одговор на инцидентот од пред девет дена кога тој лажно пријави дека заедно со уште тројца пливачи бил жртва на вооружен грабеж на бензинска пумпа во Рио де Жанеиро.
Одлуките на „Спидо“, „Ралф Лорен“, „Ервив“ и на „Џентл Хер Римувал“ доаѓаат откако Локти призна дека „претерал“ со тврдењето за вооружен грабеж, приказна која ја засени втората недела од Олимписките игри во Рио кои завршија викендов.
Локти, во меѓувреме, кажа дека ќе продолжи да плива дури и ако биде суспендиран од Американскиот олимписки комитет за неговата неискреност.
„Ќе продолжам да пливам“, изјави Локти за ТМЗ.
„Ќе пливам уште четири години, па колку и да биде долга мојата суспензија од Американскиот олимписки комитет, ќе се вратам во базенот и нема да се откажам“.
32-годишниот Локти се уште нема донесено одлука дали ќе побара помош за справување со алкохолизмот. Во неговото прво интервју по инцидентот, за „Ен-Би-Си“ тој кажа дека бил пијан, кога пријавил дека бил ограбен. Бразилската полиција брзо утврди дека се работи за лажна пријава, откако снимките од безбедносните камери на бензинската пумпа покажаа дека американските пливачи ја оштетиле вратата од тоалетот и потоа обезбедувањето им побарало да ја надоместат штетата.
СИТЕ ЧЕТИРИ СПОНЗОРИ ГО ОТКАЧИЈА ЛОКТИ ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО РИО
a:1:{s:9:"td_source";s:52:"ЛосАнџелес,(ВашингтонПост)