СКИ-СКОКАЧИТЕ СИ ВБРИЗГУВААТ КИСЕЛИНА ВО ПЕНИСОТ ЗА ДА ЛЕТААТ ПОДАЛЕКУ, ОБЈАВИ „БИЛД“

    СКИ-СКОКАЧИТЕ СИ ВБРИЗГУВААТ КИСЕЛИНА ВО ПЕНИСОТ ЗА ДА ЛЕТААТ ПОДАЛЕКУ, ОБЈАВИ „БИЛД“„Билд“ го нарече допинг-скандалот „пенисгејт“.(Фото: Гети)

    Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги испитува наводите дека ски-скокачите си вбризгувале хијалуронска киселина во пенисот за да летаат подалеку.

    Скијачкото скокање е многу популарно во Полска и ветувам дека ќе го испитам ова“, кажа претседателот на ВАДА, Витолд Банка, кој е Полјак.

    За допинг-скандалот прв извести германскиот весник „Билд“, нарекувајќи го „пенисгејт“.

    Билд“ тврди дека скокачите се префрлиле на нови методи за да го измамат системот кога им се земаат мерки за скокачките одела, за што се земаат податоци со 3-Д скенер од најниската точка на нивните гениталии. Тие вклучуваат инјектирање киселина во нивните пениси или ставање глина во долната облека за да ги направат нивните мерки привремено поголеми, а со тоа и нивните одела полабави за кога ќе се натпреваруваат.

    „Можно е да се постигне привремено, визуелно задебелување на пенисот со инјектирање парафин или хијалуронска киселина. Таквата инјекција не е медицински индицирана и е поврзана со ризици“, изјави докторот Камран Карим за „Билд“.

    Минатата година, норвешките освојувачи на олимписки медали Мариус Линдвик и Јохан Андре Форфанг добија тримесечни суспензии откако беше откриено дека тајно биле подесени шевовите на нивните одела околу препоните на Светското првенство во скијање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира