СМРТТА НА ФУДБАЛЕРОТ САЛА СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО, ЕДЕН УАПСЕН

    СМРТТА НА ФУДБАЛЕРОТ САЛА СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО, ЕДЕН УАПСЕНСала загина во авионска несреќа во јануари во неразјаснети околности (Фото: Гети)

    Едно лице е уапсено под сомнение за убиство во врска со трагичната смрт на фудбалерот Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа во јануари, само ден откако потпиша за Кардиф сити.

    Портпарол на полицијата на Дорсет соопшти дека е уапсен 64-годишен маж од Северен Јоркшир, кој потоа беше пуштен, но истрагата продолжува. Освен Сала, во несреќата што се случи на 21 јануари настрада и пилотот Дејвид Иботсен, чие тело не е пронајдено. Сала се враќаше од Нант за Кардиф кога нивниот мал авион исчезна во Англискиот Канал. Телото на аргентинскиот фудбалер беше лоцирано дури по неколку недели.

    Идентитетот на уапсениот маж не е соопштен, ниту каква е неговата врска со несреќата.

    „Во рамките на истрагата дојдовме до доказ кој упатува на можно криминално дело и како резултат на тоа, денеска уапсивме 64-годишен маж под сомнение дека извршил убиство. Тој соработува со истрагата и беше ослободен од притвор“, изјави детективот Сајмон Хакстер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира