СО МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА ЌЕ СЕ ФОРМИРА ПАРАОЛИМПИСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ИГРАТА БОЧИЈА

    СО МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА ЌЕ СЕ ФОРМИРА ПАРАОЛИМПИСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ИГРАТА БОЧИЈАИако е нова спортска игра, посебно меѓу лицата со попреченост, бочија веќе е проширена во над 55 земји.

    Македонија наскоро ќе формира параолимписка репрезентација во бочија, игра за инвалиди во количка, спортска дисциплина која за првпат била промовирана на Параолимпијадата во Њујорк во 1984 година. Со меѓународна поддршка веќе е формирана асоцијација за оваа параолимписка игра која е многу популарна, не само на Светските игри, туку станува секојдневие и интересна и кај нас меѓу сите возрасти на лица со хендикеп.

    Бочија е игра што главно ја играат лица во инвалидска количка и се игра на игралиште во должина од 12,5 метри и ширина од 6 метри. Топките се нешто поголеми од тениско топче, од кожа се и имаат тежина од 280 грама. Од количките можат да се тркалаат со рака или да се шутираат со нога и целта е едната екипа со црвени топки, а другата со сини да дојде што поблиску до главната, белата топка која носи најмногу поени.

    „Насекаде низ Македонија сакаме да ја презентираме оваа игра пред сите млади и повозрасни категории, затоа што таа е повеќе од игра и многу ќе им значи на сите, посебно на младите со хендикеп. Се обидуваме да направиме тренажен процес за да ја доближиме оваа параолимписка игра до сите заинтересирани во Македонија“, вели претседателот на македонската асоцијација за бочија, Дејан Здравков.

    Бочија е игра слична на буле, што главно ја играат пензионерите во Скандинавија.

    Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија веќе има неколку промоции на оваа спортска игра за лица со хендикеп, а последната беше во Штип каде во спортска сала се собраа љубители на играта од сите возрасти.

    „Планот е македонската асоцијација Бочија да организира најмалку шест клубови кои ќе формираат Федерација на државно ниво и преку неа ќе се аплицира за учество во Параолимпискиот комитет, а потоа и за апликација на Параолимписки игри“, вели Вал.

    Бочија е игра слична на буле, што главно ја играат пензионерите во Скандинавија. Иако е нова спортска игра, посебно меѓу лицата со попреченост, веќе е проширена во повеќе од 55 земји.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира