Напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, го израмни 49 години стариот рекорд на Герд Милер за најмногу постигнати голови во една сезона во Бундеслигата откако беше стрелец и на денешниот натпревар со Фрајбург.
Полскиот репрезентативец има дадено 40 голови на 28 лигашки натпревари оваа сезона. Милер постигнуваше гол на секои 77 минути во својата рекордерска сезона во 1972, додека Левандовски има подобар просек од еден погодок на 58 минути.
„Драг Роберт Левандовски, 40 голови се доволно“, порача Уши Милер, замолувајќи го Полјакот да не го урива рекордот на неговиот сопруг.
Милер не е свесен за постигнувањето на Левандовски, бидејќи страда од деменција и живее во дом за грижа на стари лица.
Левандовски дојде во Баерн во 2015 година и оттогаш постигна вкупно 276 голови, што е 89 помалку од Милер.