СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРВА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ЗА РАБОТА СО ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

    СПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗИРАШЕ ПРВА ОБУКА НА ТРЕНЕРИ ЗА РАБОТА СО ЛИЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТОбуката опфаќаше практична и теоретска подготовка на тренерите, кои во иднина со својата стручност и професионален пристап треба да овозможат вклученост и развој преку спорт на што повеќе лица со интелектуална попреченост во земјава.

    Во присуство на 60 учесници и 50 атлети, Специјална олимпијада Македонија ja организираше првата обука за тренери за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот со поддршка на Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија.

    Предавачи на дводневната обука, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, беа Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа и Јени Хакинен – одговорна за развој на универзитетски кадри и младината за свесност за лицата со попреченост.

    „Воочувајќи недостиг на стручен, обучен кадар за работа со лица со интелектуална попреченост во спортот, Специјална олимпијада Македонија го даде својот придонес организирајќи ја обуката со која се подготви тренерски кадар, кој во иднина ќе ги предводи тренажните програми на нашата организација“, изјави Ана Петровска, национален директор на Специјална олимпијада Македонија.

    Обуката опфаќаше практична и теоретска подготовка на тренерите, кои во иднина со својата стручност и професионален пристап треба да овозможат вклученост и развој преку спорт на што повеќе лица со интелектуална попреченост во земјава.

    Предавачи на дводневната обука, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, беа Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа и Јени Хакинен – одговорна за развој на универзитетски кадри и младината за свесност за лицата со попреченост.

    „Завршивме успешна обука во Скопје која е една од активностите кои глобално ги организира Специјална олимпијада Европа, Евро-Азија со неколку цели, да се обучат што повеќе професионални тренери за работа за лица со интелектуална попреченост во различни спортови, особено во спортовите кои ги нуди нашата организација во Македонија, а воедно и проширување на понудата на спортови. Исто така да го зголемиме бројот на атлeти кои ќе ги почувствуvаат бенефитите на спортувањето, но и ќе ја подобриме инклузијата во земјава, со зголемување на бројот на Јунифајд спортови во кои лица со интелектуална попреченост ќе спортуваат тимски со лица без попреченост“, рече Мариуш Даментко – спортски директор на Специјална Олимпијада Европа.

    Во рамки на обуката голем придонес дадоа и студентите на завршните години на Факултет за физичко образование, спорт и здравје, кои покажаа огромен интерес за работа со лица со интелектуална попреченост.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира