СТЕРЛИНГ ЗАМИНА ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР ПОРАДИ ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕГОВИОТ ДОМ

    СТЕРЛИНГ ЗАМИНА ОД СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО КАТАР ПОРАДИ ВООРУЖЕН ГРАБЕЖ ВО НЕГОВИОТ ДОМВо последен момент беше објавено дека Стерлинг нема да игра против Сенегал (Фото: АП)

    Англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг го пропушти вчерашниот меч на Светското првенство против Сенегал поради вооружена провала во неговиот дом во Лондон, поради што му беше дозволено да замине од Катар. Селекторот Герет Саутгејт ја потврди веста по победата на Англија од 3:0.

    Фудбалот понекогаш не е најважната работа, семејството треба да е на првото место“, изјави Саутгејт.

    Инцидентот се случил во саботата вечер, кога трите деца на Стерлинг биле дома.

    Стерлинг беше потресен од веста и веднаш кажа дека сака да оди дома“, додаде Саутгејт.

    Стерлинг е вториот англиски репрезентативец кој го напушти тимот во Катар поради семејни причини, откако Бен Вајт се врати дома на 30 ноември, за што не беше дадено попрецизно објаснување. Англија го игра следниот меч на СП в сабота, кога се среќава со актуелниот првак Франција во четвртфиналето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира