СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАР

    СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ НОВ ТРЕНЕР НА ЕВРОПСКИОТ ПРВАК ВАРДАРАлушовски десет години од кариерата помина како играч на Вардар (Фото: РК Вардар)

    Европскиот ракометен првак Вардар во новата година влегува со нов тренер, откако оваа функција му ја довери на Стевче Алушовски, една од своите легенди.

    Поранешниот македонски репрезентативец доаѓа на местото на Едуард Кокшаров, кој привремено ја водеше екипата по отказот за Шпанецот Писонеро.

    „Голема чест и вистински предизвик е да се биде тренер на клубот што има две европски титули во три години. Клубот за кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал посебно место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме по победнички пат. Се надевам дека повредите и малерите ќе нѐ одминат и ќе можеме да ги оствариме зацртаните цели. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мисла и голема мотивација”, изјави 47-годишниот Алушовски.

    По долги години, тој е првиот домашен стручњак на клупата на Вардар. Токму во домашното првенство Алушовски и ја помина целата играчка кариера, создавајќи богата колекција титули со Пелистер, Преспа јафа промет, Металург и Вардар. Како тренер ги има водено двете битолски екипи, Пелистер и Еурофарм работник, со кој стана вицепрвак на Македонија.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира