ТЕЈЛОР ФРИЦ Е ПРВИОТ АМЕРИКАНСКИ ТЕНИСЕР ОД 2009 КОЈ ЌЕ ИГРА ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕ

    ТЕЈЛОР ФРИЦ Е ПРВИОТ АМЕРИКАНСКИ ТЕНИСЕР ОД 2009 КОЈ ЌЕ ИГРА ГРЕНД СЛЕМ ФИНАЛЕФриц досега немаше поминато четвртфинале на гренд слем турнирите (Фото: АП)

    Тејлор Фриц и Јаник Синер ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД.

    Фриц стана првиот американски тенисер по 15 години пауза кој се пласирал во гренд слем финале откако по голема борба го победи својот сонародник и добар пријател Френсис Тијафоу со 4:6, 7:5, 4:6, 6:4, 6:1.

    Американскиот машки тенис чека гренд слем титула од 2003, кога Енди Родик триумфираше на Ју-Ес опен. Тој исто така е последниот Американец кој играше гренд слем финале, што се случи на Вимблдон во 2009.

    Фриц, кој настапува како 12. носител, досега немаше поминато четвртфинале на гренд слем турнирите.

    Светскиот рекет број еден Синер го совлада Џек Дрејпер со 7:5, 7:5, 6:2, откако Британецот неколкупати повраќаше за време на мечот.

    Американците имаат шанси за титулата и во женска конкуренција, бидејќи Џесика Пегула игра во финалето со Арина Сабаленка од Белорусија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира