Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри во Токио во категоријата над 80 килограми. За пласман во финалето, тој во 9:45 часот ќе се бори против Ин Кјо Дон од Јужна Кореја.
Георгиевски во првото коло го совлада актуелниот светски првак Рафаел Јуниер Алба Кастилјо со 11:8, а потоа во четвртфиналето беше подобар од репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Сајду Гбане, со 9:4.
Дваесет и двегодишниот Георгиевски е еден од двајцата македонски спортисти кои со норма се пласираа на Олимписките игри во Токио, покрај борачот Магомедгаџи Нуров.