ТЕРЕНОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО Е, СЕ ПОЖАЛИ ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ЛОПЕТЕГИ ПО ПОСЕТАТА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

    ТЕРЕНОТ Е ТАКОВ КАКОВ ШТО Е, СЕ ПОЖАЛИ ШПАНСКИОТ СЕЛЕКТОР ЛОПЕТЕГИ ПО ПОСЕТАТА НА „ФИЛИП ВТОРИ“Сепак, поважно од состојбата на теренот и она што ќе го прикажеме на него, вели шпанскиот селектор Хулен Лопетеги. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Хулен Лопетеги со неговите помошници утринава бил да ја провери состојбата на тревникот на стадионот „Филип Втори“, но потоа се обиде да не придава многу важност на теренот пред утрешниот квалификациски дуел за СП 2018 со Македонија.

    Играчот од средниот ред на Барселона Андрес Иниеста на вечерашниот тренинг на шпанската репрезентација во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Бевме да го видиме, теренот е таков каков што е и не можеме премногу да мислиме на тоа. Најважно е како ќе одиграме на теренот и затоа треба да се сконцентрираме на работите што зависат од нас. Тука сме да освоиме три бода кои се подеднакво важни како на секој друг натпревар“, изјави Лопетеги на прес-конференцијата вечерва.

    По пресот, шпанската репрезентација одржа тренинг на „Филип Втори“.

    Ѕвездата на Барселона Жерард Пике со топката на тренингот на шпанската репрезентација на „Филип Втори“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Претходно, македонскиот селектор Игор Ангеловски најави дека нема да отстапи од неговата стратегија да игра офанзивен фудбал.
    „Играме против една од четирите најдобри репрезентации во светот. Нема потреба за дополнителна мотивација. Подготвени сме да одговориме на предизвикот и нема да остапиме од стратегијата да играме офанзивно“, кажа Ангеловски.

    Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар со Шпанија. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Утрешниот натпревар е со почеток од 20.45 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира