На терените на тенискиот центар МТП, во петокот се одржа последниот час од бесплатната тениска школа за деца на возраст од шест до 12 години, што ја организираше „Еуролинк осигурување“.
Таа започна со работа на 30 март и во изминатиов период, 30 млади учесници ги изучуваа основните техники на тенисот, создаваа нови пријателства и се стекнаа со ново искуство.
На завршниот час, децата ги презентираа совладаните техники пред своите родители, а „Еуролинк осигурување“, заедно со професионалниот тренер Круно Деспотовски, им додели сертификат за успешно завршена тениска школа, со надеж дека љубовта кон овој спорт ќе ја продолжат и во иднина, за некои од нив да станат и професионални играчи.
Ова беше дел од платформата за корпоративно-општествена одговорност „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности”, која годишно реализира повеќе активности од областа на културата, образованието и уметноста.