ТРКАЧИ ОД 36 ДРЖАВИ ЌЕ НАСТАПАТ НА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИД УЛТРА ТРЕИЛ

    ТРКАЧИ ОД 36 ДРЖАВИ ЌЕ НАСТАПАТ НА ШЕСТОТО ИЗДАНИЕ НА ОХРИД УЛТРА ТРЕИЛОд ланското издание на трката (Фото: Фејсбук)

    Тркачи од 36 држави ќе настапат на шестото издание на планинската трка Охрид ултра треил, чии организатори се спортските здруженија „Трекс“ од Скопје и „Топ адвенчрс“ од Охрид. Ова ќе биде најмасовната трка досега бидејќи се пријавени 470 учесници.

    Охрид ултра треил ќе се одржува на 24 и 25 мај со различни временски стартови и локации, при што ќе има трки на 110, 65, 40, 22 и на 10 километри. Најдолгата трка ќе стартува в петок во 23 часот во Охрид, па следи Галичица ултра (65 км), чиј старт е следниот ден во седум часот во Свети Наум. Самотска маратон ќе почне во Пештани во девет часот, Летница треил започнува во 11 часот во Велгошти и првпат оваа година ќе има Јуниор треил, со старт во 10:30 часот во Велгошти.

    Сите трки минуваат низ патеки, врвови, гребени и долини во националниот парк Галичица, а финишот е на градскиот плоштад во Охрид.

    Покрај европските земји, оваа година доаѓаат и тркачи од Јужна Африка, Саудиска Арабија, Сингапур, САД и Јордан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира