ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ СО ВЕЛОСИПЕД ГО ИСКАЧИЈА НАЈВИСОКИОТ ВРВ ВО АФРИКА, УХУРУ НА КИЛИМАНЏАРО

    ТРОЈЦА МАКЕДОНЦИ СО ВЕЛОСИПЕД ГО ИСКАЧИЈА НАЈВИСОКИОТ ВРВ ВО АФРИКА, УХУРУ НА КИЛИМАНЏАРОЛазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев на Ухуру, највисокиот врв на Килиманџаро (Фото: Фејсбук)

    Лазо Миновски, Никола Нешкоски и Иља Деревјев станаа првите Македонци кои со велосипед ја искачија највисоката планина во Африка, Килиманџаро во Танзанија.

    Тие го комплетираа својот предизвик утрово, кога пристигнаа на 5.895 метри високиот врв Ухуру, заедно со планинарите Ирина Дишовска, Кирил Начков и Филип Христов, кои го направија тоа на традиционален начин.

    Миновски, Нешкоски и Деревјев ја започнаа својата авантура на 14 февруари од градот Аруша, кој се наоѓа на надморска височина од 1.400 метри. Откако вчера стигнале и преспале на надморска височина од 4.700 метри, тие на полноќ по локално време тргнале кон Ухуру, до каде што им требале пет и пол часа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира