ТРОЈЦАТА МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЈЦИ ПОСАКАА ГОРДИ ДА СЕ ВРАТАТ ОД ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ПЕКИНГ

    ТРОЈЦАТА МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЈЦИ ПОСАКАА ГОРДИ ДА СЕ ВРАТАТ ОД ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА ВО ПЕКИНГМакедонскиот тим заминува за Кина в недела (Фото: МОК)

    Македонските олимпијци очекуваат горди да се вратат од Зимската олимпијада во Пекинг, која почнува на 4 февруари и ќе се одржува под строги ковид протоколи поради актуелното ширење на омикрон. Дердан Дехари ќе скија во алпските дисциплини, додека во нордиското скијање ќе нè претставуваат Ана Цветановска и Ставре Јада, единствениот за кого ова ќе биде втора олимпијада. Тие заминуваат за Кина в недела.

    Цветановска ќе настапи во две дисциплини на скијачко трчање: ќе дебитира на 5 февруари на трката 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон, а пет дена подоцна ќе стартува на 10 километри класично. Јада е пријавен за трките 1,5 километри (8 февруари) и 50 километри слободно (19 февруари).

    „За разлика од претходните Игри во Пјонгјанг, сега очекувам далеку подобар резултат. На маратонот на 50 километри ќе настапам со единствена цел да имам што помало заостанување и да бидам првиот македонски нордиски скијач кој ја истрчал оваа трка на една олимпијада“, изјави Јада.

    Дехари ќе вози слалом на 13-ти, а велеслалом на 16 февруари.

    „Мислам дека гордо ќе се вратиме од Пекинг. Имавме солидна сезона и ќе дадам сè од себе за да извлечам што подобар резултат во двете дисциплини“, кажа Дехари.

    Тој и Цветановска ќе го носат македонското знаме на церемонијата на отворањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира