ВАРДАР ЗАГУБИ СО 5:0 ОД ЗЕНИТ НА ДЕБИТО ВО ЛИГА ЕВРОПА

    ВАРДАР ЗАГУБИ СО 5:0 ОД ЗЕНИТ НА ДЕБИТО ВО ЛИГА ЕВРОПАИ покрај убедливиот пораз, фудбалерите на Вардар останаа по натпреварот да се поздрават со навивачите. (Фото: О. Теофиловски)

    Вардар со пораз од 5:0 дебитираше во фазата на групи во Лига Европа против рускиот Зенит на арената „Филип Втори“.

    Гостите од Санкт Петерзбург поведоа уште во 6. минута со голот на Александар Кокорин, кој само 15 минути подоцна го постигна и вториот гол. Лошата игра на нашиот шампион ја искористи Артем Ѕјуба, кој во финишот на првото полувреме ја затресе мрежа на Филип Гачевски и со водство од 3:0, Зенит замина на полувреме.

    Македонскиот шампион вечерва не беше рамноправен противник на рускиот тим. – Вардаровите фудбалери со навивачите по мечот (Фото: О. Теофиловски)

    Во вториот дел, фудбалерите на Вардар тргнаа поофанзивно, но таквата игра траеше кратко. Бекот Бранислав Ивановиќ во 66. минута му донесе водство на Зенит од 4:0, а за победа со пет гола разлика се погрижи Емилијано Ригони со голот во 89. минута.
    Вардар за две недели во вториот натпревар од Лига Европа му гостува на норвешкиот тим Розенборг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира