ВЛАДАТА ДОДЕЛИ 50.000 ЕВРА ПРЕМИЈА НА ОДБОЈКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПЛАСМАНОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО

    ВЛАДАТА ДОДЕЛИ 50.000 ЕВРА ПРЕМИЈА НА ОДБОЈКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПЛАСМАНОТ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВОСо убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје се пласираа на Евроволеј 2026. (Фото: Влада на РСМ)

    Министерството за спорт додели премија од три милиони денари (околу 50.000 евра) на машката одбојкарска репрезентација за пласманот на Европското превенство 2026.

    Со убедлива победа против Грузија (3:0), најдобрите македонски одбојкари вчера во Скопје се пласираа на Евроволеј 2026 и го потврдија континуитетот на успеси. За репрезентацијата ова ќе биде четврто европско првенство по ред, по настапите на во 2019, 2021 и 2023 година.

    Македонија на Европското првенство 2026, кое ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија, оди како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира