ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ УДАВИ РАКОМЕТНИОТ ГОЛМАН НИКОЛА ДАНИЛОВСКИ

    ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СЕ УДАВИ РАКОМЕТНИОТ ГОЛМАН НИКОЛА ДАНИЛОВСКИДаниловски, кој беше и повремен репрезентативец, имаше 24 години. (Фото: РК Охрид/Фејсбук)

    Телото на ракометниот голман Никола Даниловски утрово беше извадено од водите на Охридското Езеро во близина на туристичката населба Лагадин.

    „Последен поздрав од Ракометниот клуб Охрид за голманот Никола Даниловски-Џамбо. Засекогаш ќе бидеш еден од нас“, напишаа од неговиот клуб РК Охрид на Фејсбук.

    Даниловски, кој беше и повремен репрезентативец, имаше 24 години, а претходно играше и за Металург и Еурофарм Пелистер.

    Според првичните информации од полицијата, нема траги на насилство врз телото.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира