ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН СЕ ЗАСИЛИ СО УШТЕ ЕДНА БРАЗИЛКА

    ЖЕНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ЉУБОТЕН СЕ ЗАСИЛИ СО УШТЕ ЕДНА БРАЗИЛКАБразилките Роналдиња и Фаријас ноќеска пристигнаа во Македонија (Фото: СДК.МК)

    По Роналдиња, женскиот фудбалски клуб Љуботен од Тетово се засилува со уште една Бразилка, Талија Гомерс Фаријас. Претседателот на клубот Драгољуб Богдановски ноќеска ги пречека двете фидбалерки на скопскиот аеродром.

    „На 25 јануари ќе има и официјално претставување на овие две фудбалерки и нивно запознавање со другите членови на тимот. Веднаш потоа ќе започнат со тренинзи. Освен нив, во Љуботен пристигна и Сенада Муратовиќ од Босна и Херцеговина, па клубот во претстојната пролетна полусезона ќе настапи со седум нови имиња“, изјави Богдановски.

    Тетовскиот клуб во зимскиот преоден рок потпиша и со голманката Магдалена Лековска, Соња Митревска, Србинката Анѓела Миловановиќ и Хорелија Сореле од Камерун.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира