ЗЛАТО ЗА БОРАЧОТ НУРОВ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ ВО АЛЖИР, ЕГОРОВ ОСВОИ БРОНЗА

    ЗЛАТО ЗА БОРАЧОТ НУРОВ НА МЕДИТЕРАНСКИТЕ ИГРИ ВО АЛЖИР, ЕГОРОВ ОСВОИ БРОНЗАНуров го повтори успехот од Шпанија пред четири години

    Борачот Магомедгаџи Нуров го развиори македонското знаме откако го освои златото на Медитеранските игри во Алжир. Русинот, кој една деценија ги брани боите на Македонија, го повтори успехот од Шпанија пред четири години, а има и бронза од Светското првество во Казахстан.

    Тој оствари четири победи во Алжир, а во финалето го совлада турскиот репрезентативец Фејзулах Акатурк. Противникот водеше со 3:2, но во решевачките моменти, Нуров со една убава акција и добар зафат освои два поена за златниот медал.

    Голем успех оствари и вториот македонски репрезентативец со руско потекло Владимир Егоров, кој се закити со бронзен медал.

    „Ова е голем успех за Македонија. И двајцата наши репрезентативци победија светски борачи од Турција и Алжир“, вели селекторот Бобан Данов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира