ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ НА ЗИМСКА ПАРАОЛИМПИЈАДА

    ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТ НА ЗИМСКА ПАРАОЛИМПИЈАДАЈовановски се натпреварува во параскијање (Фото: Јутјуб принтскрин)

    Зоран Јовановски е првиот македонски спортист кој ќе настапи на зимски параолимписки игри, објави Скијачката федерација на Македонија (СФМ). Зимската параолимпијада во Милано и Кортина ќе трае од 6 до 15 март.

    Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија и доказ дека со визија, системска работа и посветен тим можеме да поместуваме граници и да создадеме нови страници во спортската историја“, соопшти СФМ.

    Јовановски, кој се натпреварува во параскијање, испиша историја и во 2024, кога дебитираше на трки од календарот на Светската скијачка федерација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира