Околу 1.300 луѓе се евакуираат од брод за крстосување близу западниот брег на Норвешка, соопштија властите.
Полицијата во Море ог Ромсдал вели дека бродот имал проблем со моторите и дека патниците се пренесуваат на копно. Норвешката агенција за спасување соопшти дека бродот „МВ Викинг Скај“ испратил сигнал за опасност среде високи бранови и силни ветрови. Пет хеликоптери и неколку брода учествуваат во евакуацијата.
Од полицијата велат дека нема сериозно повредени, но локалните медиуми јавија дека пет лица биле пренесени во болница.