10 ЛУЃЕ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЊУЈОРК, ПОЛИЦИЈАТА ВЕРУВА ДЕКА Е РАСИСТИЧКИ НАПАД

    10 ЛУЃЕ УБИЕНИ ВО ПУКАЊЕ ВО СУПЕРМАРКЕТ ВО ЊУЈОРК, ПОЛИЦИЈАТА ВЕРУВА ДЕКА Е РАСИСТИЧКИ НАПАДГрадоначалникот на Бафало Бајрон Браун зборува за нападот на прес-конференција. (Фото: Си-Би-Ес/принтскрин)

    Десет луѓе се убиени во пукање во американскиот град Бафало во државата Њујорк за кое се смета дека е расистички мотивирано. 18-годишно момче облечено во воена опрема е уапсено по пресметка со полицијата.

    Осомничениот влегол во полн супермаркет во саботата вечер по локално време пред да почне да пука. Тој користел камера за да го пренесува нападот во живот на интернет, вели полицијата.

    Претседателот Џо Бајден го осуди нападот и го нарече „одвратен“.

    „Го истражуваме овој инцидент како кривичено дело од омраза и како случај на расистички мотивирано екстремно насилство“, кажа Стивен Белонгија од ФБИ.

    Се верува дека осомничениот возел со часови пред да стигне во област од градот во која живеат претежно црнци. 13 луѓе беа застрелани, од кои повеќето црни, според шефот на локалната полиција Џозеф Грамалја.

    Извори од полицијата велат дека осомничениот извикувал расистички навреди за време на пукањето.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира