10 ВОЈНИЦИ И 8 ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:30:"Анкара,(Би-Би-Си)

    10 ВОЈНИЦИ И 8 ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО ТУРЦИЈА

    Автомобил бомба на курдските бунтовници уби 10 војници и 8 цивили во југоисточна Турција, соопштија турските власти. Нападот во Дурак се случи откако војниците запреле автомобил за проверка.

    Според соопштението, повредени се други 26 лица од кои 10 се војници. Засега, ниту една група нема преземено одговорност за нападот.

    Турција се бори со курдските бунтовници веќе неколку децении и се плаши дека курдските победи во соседната Сирија ќе поттикнат курдски сепаратизам во Турција.

    Турската армија соопшти дека нападот се случил во 9.45 часот по локално време на контролен пункт на жандармеријата на 20 километри од градот Семдинли во провинцијата Хакари.
    Гувернерот на провинцијата Чунејт Орхан Топрак кажа дека напаѓачите почнале да пукаат кон војниците на пунктот за да им го одземат вниманието додека да пристигне автомобил бомбата.
    Премиерот Бинали Јилдирим рече дека нападот бил извршен од самоубиец бомбаш кој детонирал комбе полно со пет тона експлозиви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира