10 ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВИОН ПАДНА ВО ХАНГАР ВО ТЕКСАС

    10 ЗАГИНАТИ ОТКАКО АВИОН ПАДНА ВО ХАНГАР ВО ТЕКСАСНа видеата од авионската несреќа се гледа црн чад како излегува од хангарот. (Фото: Ројтерс)

    Мал авион се урна во аеродромски хангар во Тексас при што загинаа сите 10 лица во авионот. Авионот, двомоторен Бичкрафт БЕ-350 Кинг Ер, се урна набрзо по полетувањето на аеродромот Адисон.

    Авионот неочекувано сменил насока и се удрил во хангарот по што експлодирал, кажаа од локалната противпожарна служба.

    Спасувачките тимови пристигнаа брзо на местото на несреќата, околу 17 километри северно од Далас, но немало преживеани.

    Во хангарот немало никој кога се урнал авионот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира