100 МИГРАНТИ ИСЧЕЗНАА ВО БРОДОЛОМ КАЈ ЛИБИЈА

    100 МИГРАНТИ ИСЧЕЗНАА ВО БРОДОЛОМ КАЈ ЛИБИЈАСпоред либиската морнарица, крајбрежнатата стража вчера спаси 279 мигранти од бродолом во три одвоени инциденти, вклучувајќи ги и овие од бродоломот кај Ал-Хомс (Фото: ДПА)

    Околу 100 мигранти исчезнаа, откако нивниот брод потона покрај брегот на Либија вчера, соопшти либиската морнарица.

    Либиската крајбрежна стража спаси 17 луѓе од бродот што потона кај градот Ал-Хомс, источно од главниот град на Либија Триполи, соопшти либиската морнарица на својата Фејсбук страна.

    Преживеаните се држеле за делови од бродот додека не биле спасени.

    „За жал, голем е бројот на луѓе што се исчезнати и тој се движи меѓу 90 и 100 нелегални мигранти од бродот“, соопшти морнарицата.

    Според морнарицата, либиската крајбрежна стража вчера спасила 279 мигранти од бродолом во три одвоени инциденти, вклучувајќи ги и овие од бродоломот кај Ал-Хомс.

    Либија беше вовлечена во хаос од 2011 година по соборувањето на долгогодишниот диктатор Гадафи по револтот кај населението, поддржано од НАТО. Беззаконието во оваа северно-африканска држава влијаеше таа да стане појдовно место за движење на илегални мигрантите кон Европа преку Медитеранот, а овие патувања често се смртоносни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира